Арсенал се договори со Калафиори, но сега следи потешкиот дел!
Калафиори прифатил петгодишна соработка со плата од четири милиони евра, но Арсенал допрва го чекаат тешки преговори со Болоња која не сака да ја намали цената на Италијанецот.
Болоња бара 50 милиони евра за 22-годишниот италијански фудбалер, па Арсенал во следниот период ќе треба да најде заеднички јазик со калчолигашот.
Калафиори за Болоња одигра 33 натпревари минатата сезона, а претходно го носеше дресот на Рома, Џенова и Базел.