Милер: Ова најверојатно беше мојот последен настап за Германија!

Германија вчера беше совладана од Шпанија со 1-2 во четвртфиналето на Европското првенство (ЕП), а тоа значеше и крај на кариерата за Тони Крос, но најверојатно и за уште една фудбалска легенда.

Томас Милер по натпреварот со Шпанија кажа дека најверојатно го одиграл последниот натпревар во дресот на Германија.

„Постои голема можност ова да беше мојот последен меч во дресот на Германија“, кажа Милер по средбата во Штутгарт.

Легендата на Баерн Минхен досега одигра 131 меча за Германија и притоа постигна 45 голови.