Пакета наместо во Манчестер се сели во Бразил!?
Пакета дефинитивно ќе го напушти Вест хем затоа што му се заканува повеќемесечна суспензија за настап во Англија, па поради тоа Пакета сака да се врати во татковината.
Фламенго се обидува да го договори Пакета на позајмица, но преговорите ќе бидат тешки затоа што Вест хем сака да го продаде бразилскиот играч.
Пакета пристигна во Премиерлигата по настапите за Милан, а потоа блесна и привлече интерес од „граѓаните“, но обвинувањата за обложување му ги променија плановите.