Скандал на Копа Америка: Судиите одбија да се поздрават со капитенот на САД (ВИДЕО)
Веднаш по погодокот се вклучи ВАР-снимката, на која се виде дека еден уругвајски играч е во недозволена позиција, но судијата реши да не ја промени одлуката да покаже на центарот. Ова наиде на разочарување кај сите на стадионот во Канзас сити, меѓу кои беше и американскиот капитен, Кристијан Пулишиќ, кој не можеше да се помири со фактот дека неговиот тим е елиминиран од ова натпреварување.
Тој налутено и иронично ги повика судиите да се приклучат на прославата на фудбалерите на Уругвај, што наиде на нивна реакција што беше одбивање да му подадат рака на Пулишиќ. Селекцијата на САД ја заврши групата на третото место со три бода, што не беше доволно за продолжување на натпреварувањето на Копа Америка.