Растат контроверзите пред мечот меѓу Романија и Словачка: Сѐ е договорено, зошто да се ризикува...

Поранешниот романски репрезентативец Данут Лупу ги зголеми контроверзите пред мечот против Словачка кој директно решава за патникот во осминафиналето од Европското првенство.

Двете селекции се среќаваат в среда од 18 часот, а им одговара 0-0 бидејќи така одат во нокаут фазата, едната како втора, а другата како третопласирана во групата.

„Ќе се квалификуваме со реми против Словачка. Се е договорено, би било штета да не одиме двете. Зошто да ризикуваме? На тоа ниво, фудбалерите одлично се согласуваат“, смета Лупу.

Во пресрет на последното коло од групата Е, сите четири репрезентации имаат по три бода со тоа што Белгија се среќава со Украина. Сличен случај имаше на Европското првенство во Португалија пред 20 години кога на Шведска и Данска им одговараше 2-2 за да се пласираат во четвртфиналето и со тој резултат заврши нивниот меч.