УЕФА молчи додека знамиња на УЧК се веат на Европското првенство (ФОТО)

Германија и Швајцарија одиграа исклучително возбудлив натпревар во третото коло од групната фаза на Европското првенство, но повторно во центарот на вниманието беше она што се случуваше на трибините.

Во текот на целиот меч, зад еден од головите можеше да се забележи знаме на УЧК. Познато е дека многу Албанци од Косово навиваат за Швајцарија поради Гранит Џака и Џердан Шаќири, но нејасно е како вакви знамиња поминале преку строгите контроли на стадионите.

Досега за ваквите испади УЕФА не реагираше и не изрече ниедна казна иако натпреварот меѓу Германија и Швајцарија не беше единствен на кој можеа да се видат вакви „навивачки реквизити“.