Ѓоковиќ е супер-човек – веќе тренира со полна пареа и можно е да игра на Вимблдон (ФОТО)
Српскиот ас објави видео на социјалните мрежи на кое се гледа дека освен трчање и вежбање, веќе стапна и на теренот и тоа на бетон во Црна Гора, каде што се наоѓа во моментов.
„Ми недостасуваше тенискиот рекет. Продолжувам да ја градам форма, од ден на ден сум се посилен“, напиша популарниот Ноле и ги израдува навивачите.
Бидејќи избра бетон како подлога за тренирање, веќе има индикации дека Ѓоковиќ ќе се обиде да настапина Вимблдон (1-14 јули). Тој го повреди менискусот на мечот од четвртото коло на Ролан Гарос против Аргентинецот Франциско Серундоло, а потоа беше опериран на 5 јуни. Новак од понеделник ќе биде втор на АТП листата, по вчерашниот пораз на Карлос Алкараз на турнирот во Квинс, каде што ја бранеше титулата.