Мбапе ја одбра маската со која ќе настапи во дербито против Холандија (ФОТО)

Напаѓачот на Франција, Килијан Мбапе, најверојатно ќе биде во стартниот состав на утрешниот дерби-дуел против Холандија, втор од групната фаза на ЕП 2024 против, откако му беше скршен носот во стартната победа против Австрија (1-0).

Капитенот на „галските петли“ беше повреден во судир со Кевин Дансо, по што преку социјалните мрежи побара помош од фановите во пронаоѓање на соодветна заштитна маска со која ќе може да настапува во продолжението од шампионатот.

Изборот веќе е направен, откако Мбапе беше виден на тренинг со заштитна маска во боите на француското знаме.