Шкендија доби противник од Ерменија, Тиквеш од Исланд

Македонските претставници во Конференциската лига, Шкендија и Тиквеш дознаа со кого ќе играат во првото квалификациско коло од натпреварувањето на УЕФА.

Тетовци за противник го добија претставникот на Ерменија, Ноах, второпласиран тим од тамошното првенство минатата сезона кој титулата ја загуби поради поразот од шампионот Пјуник во претпоследното коло. Тиквеш ќе игра со Брејдаблик кој лани го освои третото место во исландското првенство, а во моментов е на втората позиција на табелата.

Според ждрепката, Шкендија ќе биде гостин на првиот натпревар, додека Тиквеш ќе дебитира на европска сцена како домаќин. Натпреварите од првото квалификациско коло се закажани за 11 и 18 јули.