Надал најави дека ќе игра во Париз: На „Ролан Гарос“ борба до смрт
Претстои Мастерсот во Мадрид, потоа во Рим и на крајот во Париз, „Ролан Гарос“ што е главна цел за Шпанецот во овој момент.
„Ако моето тело го издржи товарот, би можел да бидам подобар, не зборувам за победи, туку да игра на повисоко ниво и да се борам. Во Мадрид малку подобро, во Рим уште малку подобро, а во Париз како ќе даде Господ. Тоа ќе биде момент да се обидам да дадам се од себе, да умрам за тоа“, изјави Надал.
Неодамна тој изјави дека ова е негова последна сезона во кариерата така што најверојатно нема да игра догодина во Барселона каде има 11 титули.