Фудбалер на Фенер со волеј-удар распали по главата на навивач на Трабзон (ВИДЕО)

Ретко виден инцидент се случи синоќа по завршување на натпреварот помеѓу Трабзонспор и Фенербахче (2-3), кој гостите ги остави во игра за шампионската титула со Галатасарај.

Хаосот почна пред самиот крај на мечот кога домашните навивачи фрлаа со се и сешто кон теренот, а судијата како да се правеше дека не го гледа. Гостинскиот голман, Доминик Ливаковиќ во еден момент се пожали на повреда и остана да лежи на теренот, по што кон него беа фрлани разни предмети, од кои дел го погодија и му ја повредиле брадата. Лудилото почна кога беше отсвирен крај, а за се виновни беа навивачите на домашната екипа, кои втрчаа на теренот со намера да се пресметаат со играчите на Фенербахче, во што и успеаја.

Најлошото мина токму Ливаковиќ, кој беше удрен со тупаница во главата од домашен фидбалер, но набрзо се појавија снимки и како играчите на Фенербахче се тепаат со навивачите на домашниот тим. Утринава се појави ново интересно видео во кое главна „ѕвезда“ е Џејден Остерволде, кој претходно не беше виден дека учествува во хаосот. Но, сега се гледа како тој со силен волеј-удар распали по главата на навивач на Трабзон додека тој лежи на тревата.