Електричните автомобили Тесла дојдоа и во Македонија, отворен првиот продажен салон! (ФОТО)
Продажниот салон на еАуто се наоѓа во рамки на спортскиот аеродром Стенковец, десетина километри од центарот на Скопје.
Според најавите, многу бргу ќе биде поставена инфраструктурна мрежа на брзи полначи за моделите на Тесла и тоа на најмалку 15 локации низ Македонија. Овој потег конечно ќе овозможи овие електрични автомобили почесто да ги гледаме на нашите патишта.
Во новиот салон на еАуто се изложени моделот Ипсилон и подневниот модел 3 на Тесла, а на промоцијата беа изложени и неколку постари модели на брендот.
Според најавеното, моделот 3 со стандардна батерија ќе чини од 55.000 евра, а моделот Ипсилон ќе почнува од 56.000 евра.