На Родригез во Катар му забраниле да јаде со лева рака и да се тушира – гол!

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Хамес Родригез, дел од кариерата мина во катарскиот тим Ал-Рајан, период за кој открива необични работи кои не му се допаѓале на Блискиот Исток.

Колумбискиот репрезентативец во едно интервју за бразилските медиуми раскажа што најмногу му оставило впечаток за време на престојот во Катар.

„Тешко е да се прилагодите на животот и културата во Катар. На пример,секаде каде што сум играл вообичаено е во соблекувалните да се тушираме голи со соиграчите. Но, во Катар ми рекоа дека не смеам да бидам гол под туш, што ептен ме зачуди. Имаше и многу други работи. Дури и не смеев да јадам со левата рака, туку само со десната“, изјави Родригез за ТВ Глобо.

Хамес (32 години) во кариерата има покрај за Реал Мадрид, настапуваше и за екипи како Баерн Минхен, Порто, Монако, Евертон, Олимпијакос, а во моментов настапува за бразилски Сао Паоло. Тој беше најдобриот млад играч во светот и најдобар стрелец на Светското првенство во 2014 година, а по тој настап „кралевите“ го купија за 75 милиони евра.