Адеми: Жал ми е, но не заслуживме да победиме

Поради повреда, поранешниот македонски репрезентативец Аријан Адеми не настапи за Динамо на денешното дерби против Хајдук иако се најде во протоколот и беше на клупата за резервни играчи.

По мечот, тој призна дека противникот бил подобар.Динамо доживеа уште еден пораз од својот најголем ривал, втор оваа сезона по што заостанува огромни седум бода во борбата за титулата.

„Тешко му беше да гледам од клупата. Жал ми е, но не ја заслуживме победата. Ќе направиме се за да ја свртиме ситуацијата во наша корист, одиме од натпревар во натпревар и ќе се обидеме да победуваме. Од овие проблеми мораме да излеземе како победници“, изјави Адеми.

Освен на него, тренерот Бјелица на овој меч не можеше да смета ни на Невистиќ, Сучиќ, Мишиќ и Петковиќ што секако е голем хендикеп за актуелниот хрватски шампион.