Илиоски обезбеди сребро за Македонија, утре го напаѓа светското злато! (ФОТО)

Македонскиот кикбоксер, Бобан Илиоски ќе се бори за златниот медал на Светското првенство кое се одржува во Португалија откако денеска го совлада својот противник од Азебејџан, Елјан Алкишиев.

Илиоски со убедливи 3-0 го победи Алкишиев и обезбеди место во големото финале на Светското првенство во кик-бокс, во категоријата до 86 килограми во дисциплината лоу-кик.

„Бобан во сите три рунди водеше со истиот резултат 3:0. Борецот од Азербејџан во претходните борби кои ги имаше беше анализиран од наша страна и изготвивме тактика која Боби ја реализираше во целост. Со оваа борба обезбедивме сребро за Македонија. Утре-задутре одиме по златото во финалето, по кое и сме дојдени, противникот е Уришбоев Нурбек од Азербејџан“, изјави тренерот на Бобан Илиевски и претседател на кик-боксерската федерација, Дејан Митровски - Урко.