Феникс во финишот го скрши Еуро Никел и им се врати на победите
На домашен терен, тимот на Денис Дервишевиќ го совлада Еуро Никел со 86-82 благодарение на подобрата игра во драматичниот финиш. Во текот на мечот, двете екипи се менуваа во водство, Феникс имаше водство од осум разлика во втората четвртина (31-23), а Еуро Никел на седум минути пред крајот на мечот водеше и со десет поени (75-65).
Феникс направи серија од 17-2 и поведе со 82-77, Еуро Никел израмни на 82-82, а во клучните моменти ветеранот Бојан Трајковски постигна осум поени по ред и имаше огромна заслуга за победата на својот тим.
Џонс со 21 поени беше прв стрелец на Феникс, а по 17 постигнаа Метјус и Трајковски. Дарко Соколов го предводеше Еуро Никел со 19 поени.