Ѓоковиќ: Гласната публика ми ја направи оваа победа ептен слатка!
Српскиот тениски ас и покрај тоа што има 36 години игра на неверојатно ниво, победата на завршниот турнир во Торино е круна на неговата фантастична сезона за која вели дека му е една од најдобрите во кариерата.
„Многу посебен момент. Ова е една од најдобрите сезони кои сум ги имал во животот. Круна е оваа победа против локалниот херој Јаник. Тој е феноменален. Многу сум горд како одиграв во последните две дена против Алкараз и Синер, двајца од најдобрите играчи покрај Медведев и мене. Морав да засилам. Фантастична недела“, изјави Ѓоковиќ по победата во финалето.
„Одиграв фантастичен меч. Мислам дека одиграв тактички одлично. Наметнав свој ритам, сервирав феноменално. Имав шанса и за двоен брејк, но потоа работите се искомлицираа. Сепак останав присебен. Не е лесно да се игра пред публика која е многу гласна, која сметаше меѓу поените. Поради тоа оваа победа е послатка“.
„Отсекогаш сакав да играм пред моите деца. Во последните денови беа тука и ме гледаа. Воодушевен сум. Сега се во години кога се свесни што се случува. Благодарен сум што сум татко на два прекрасни ангели“.