Војната за (пре)власт во македонската атлетика направи хаос со рекордот во маратон!
Официјалното најдобро македонско остварување, според АФМ, е тоа на Трпе Маартиновски остварено во далечната 2000 година во Нови Сад, со напомена дека Ивановски истрчал подобро време пред две години во Скопје (2:21:27), но дека тоа не е верифукувано како најдобар учинок. Поради ова, годинешната трка на Дарио делуваше како апсолутен рекорд, подобар од неговото и од најдоброто остварување на Мартиновски запишано во атлетската федерација. Но, проблемот е што најдобро лично остварување на Ивановски според ИААФ (Светската атлетска федерација) е подобро од сите досега наведени (2:18:12 часа во Копенхаген) што по автоматизам би требало да биде македонски рекорд, но зачудувачки ова негово остварување воопшто не е регистрирано од АФМ дури и како неофицијално или не верификувано.
Позадината на сето ова најверојатно е и војната за (пре)власт во македонската атлетика, која владее подолг период и тоа со актуелното раководство на федерацијата и Игор Јакимовски, тренерот на Ивановски, кој редовно на виделина ги вади сите пропусти во овој спорт кај нас. Поради сето ова, Дарио често се наоѓа на црната листа и не ги добива почестите кои ги заслужува со покажаното на тартанот и асфалтот, а што можеше да се види и грешката со ваучерите во 2021 година, кога тој доби помалку од заслуженото, за по реакциите на јавноста овој пропуст да биде поправен од АМС.