Роналдо продолжи да победува во ЛШ, но сега во азиската!

Кристијано Роналдо го одигра својот деби меч во Лигата на шампиони на Азија и ја оствари премиерната победа со својот Ал-Наср.

Саудискиот тим славеше со 2-0 на гостувањето кај Персеполис, во Иран и со три бода ги отвори натпреварите во својата група Е. Иако Роналдо и Мане беа во почетниот состав, не успеаја да се запишат меѓу стрелците, но нивните соиграчи за десетина минути ја креираа победата. 

Во 62. минута, репрезентативецот на С. Арабија, Гареб погоди за 1-0, на додавање на Брозовиќ, а 10 минути подоцна тој му беше асистент на Касем. Во истава група, Ал-Духаил од Катар и Истикол Душанбе од Таџикистан одиграа 1-1. За разлика од европската ЛШ, овде само првото место продолжува во следната фаза, а Роналдо и компанија се фаворити за него.