Арсенал прокоцка два гола предност, Вест хем си освои бод (ВИДЕО)

Арсенал повторно прокоцка триумф во Премиерлигата, откако денеска на гостувањето кај градскиот ривал Вест хем одигра 2-2 во 31. коло од англискиот шампионат.

Фудбалерите на Арсенал имаа одличен почеток на натпреварот против Вест хем и постигнаа два погодоци преку Габриел Жесус и Мартин Одегард.

Радоста на гостите не траеше долго затоа што Бенрама од пенал во 33. минута намали на 1-2, по што следеа уште неколку шанси на двете страни, но мрежите мируваа.

Сака промаши удар од белата точка за Арсенал во вториот дел, по што пристигна казната преку Боуен кој израмни на 2-2, по што вистинска драма се случуваше во завршницата кога „чеканите“ имаа шанси и за победа, но резултатот сепак не се менуваше до крајот.

Арсенал е прв со 74 бодови по 31 одиграно коло, по што следи Манчестер сити со четири бодови помалку, но допрва „граѓаните“ ќе треба да го одиграат својот меч од 31. коло.