Петров на теренот е бескомпромисен борец, a приватно е позитивна личност (ВИДЕО)

Македонскиот ракометар Костадин Петров пред почетокот на вториот дел од ракометната сезона потпиша договор со Алкалоид, а притоа за „На 7 метри со...“ открива детали од приватниот живот кои досега не им биле познати на навивачите.

Петров на теренот важи за бескомпромисен борец, а со ракомет почнал на седумгодишна возраст, кога тренерот Бисинов од Велес го сретнал на улица и го убедил да почне да тренира ракомет.

„Почнав да тренирам на седумгодишна возраст. Тренерот Бисинов од Велес ме најде на улица. Бев поголем и подебел од сите во мојата генерација и ме фати рака и ми кажа со татко ми да одам на тренинг“, открива Петорв.

Ракометарот на Алкалоид откри дека пред натпреварите се мотивира со добра музика, кафе, но и разговор со колегите, а најголема желба му е да освои двојна титула со Алкалоид.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by RK Alkaloid (@rkalkaloid)