Јувентус го најде наследникот на Влаховиќ!
Наводно, веќе е постигнат договор за личните услови меѓу Сорлот и Јувентус, останува уште двата клуба да се договорат.
Медиумите од Италија пренесуваат дека директорите на „старата дама“ разговарале со агентите на Норвежанецот и си подале рака за четиригодишна соработка и плата од 4 милиони евра по сезона (еден милион повеќе од тоа што напаѓачот во моментов го заработува во Атлетико).
Сега следуваат клучните преговори меѓу Јувентус и Атлетико Мадрид. Се верува дека понуда од 30 милиони евра ќе биде доволна за да биде постигнат договор.