![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2023/02/22/194902-rabotnichki-se-zasili-so-plejmejker-koj-doagja-od-kosovo.jpg?itok=YofOe0le)
Работнички се засили со плејмејкер кој доаѓа од Косово!
Американецот Умипиг утре ќе му се приклучи на скопскиот кошаркарски гигант и ќе му се стави на располагање на тренерот Димитар Мираковски.
Умипиг доаѓа во македонскиот тим како замена за Пол Џексон, кој претходно ги напушти „центарци“ откако не ги оправда очекувањата на раководството, а притоа покажал и недисциплината во изминатиот период.
Работнички игра лошо оваа сезона и во домашниот шампионат, па така по 15 одиграни кола се наоѓа на седмата позиција со осум победи и седум порази.