Каша - попара и кај Фалангата: Едни свиркаа, други аплаудираа, трети бараа оставка! (ВИДЕО)

По крајот на мечот и по третот пораз на ова СП за Македонија, припадниците на Фалангата се поделени чувства ги испратија ракометарите во Плоцк, каде што продолжуваме во Президент Купот.

Прво, имаше свирежи спрема четата на Лазаров, потоа свирежите се претопија во аплауз, за на крај да се слушне скандирање „оставка, оставка“.