Марко Верати останува во ПСЖ до – 2026 година

Италијанскиот репрезентативец Марко Верати, кој веќе цела деценија игра за францускиот гигант Пари Сен Жермен, останува дел од „светците“ откако потпиша нов четиригодишен договор до 2026 година.

Верати во ПСЖ дојде уште како тинејџер во 2012 година од Пескара, а парижаните за него платија само 12 милиони евра и е еден од клучните алки во тимот, прерасна во еден од најдобрите фудбалери за врска, па за очекување беше дека шеиците од ПСЖ нема да се откажат од него и дека Италијанецот има уште многу што да даде за овој гигант.

Италијанецот уште пред СП најави дека има желба да остане во Париз, откако се појавија информациите за понудата за нова соработка, па сега сè тоа брзо се официјализира.

Летоска Килијан Мбапе ја продолжи соработката со ПСЖ до 2025 година, а во очекување е да се официјализира и продолжувањето на договорот со Лионел Меси, кој во понеделник од Буенос Аирес ќе допатува во француската престолнина, а според најавите на 11 јануари ќе го одигра првиот меч после одморот и освојувањето на Мундијалот.