Пациенти: Шеиците се налутија дека Бразил испадна, па одма си заминаа од стадион (ВИДЕО)

Цел свет чекаше првиот фаворит на СП во Катар, Бразил да игра полуфинале, да има „суперкласико“ по 32 години со Аргентина, ама Хрватска им ги расипа сметките. Посебно на шеиците од пребогатата арапска земја.

Очигледно е дека сакаа да го гледаат Бразил во полуфинале, ама „кариоките“ испаднаа на пенали (4-2, 1-1), па шеиците се налутија, тие што беа на трибините и откако Маркињос промаши за конечна победа на Хрватска, луто станаа и веднаш си заминаа од стадионот.