Целје го доби „дербито на дното“ со Елверум, Кјелце го надигра Пик Сегед

Ракометарите на Целје вечерва беа подобри од Елверум со 29-26 за втора победа во Лигата на шампиони (ЛШ), додека успешна ноќ имаа и ѕвездите на Кјелце на гостувањето кај Пик Сегед (31-28).

Целје имаше контрола врз мечот во првото полувреме, кое го доби со 15-13, иако Елверум неколку пати покажа дека не треба да го отпишуваат.

Гостинскиот тим на средината на вториот дел направи пресврт (25-22) и прв чекор кон победата која сепак ја испушти благодарение на одличната игра во одбрана и напад на Целје (29-26).

Влах беше најефикасен кај Целје со 11 голови, додека Бломгрен постигна шест погодоци за Елверум.

Кјелце гази сè пред себе, па така вечерва го презема првото место во групата Б откако славеше со 31-28 против Пик Сегед, а најдобар во победата беше Морито со осум голови, додека на спротивната страна Соареш запиша пет гола.