Тејтум испиша историја, Букер за помалку од 31 минута даде 51 поен (ВИДЕО)
Бостон ја оствари 14. победа во последните 15 натпревари откако со 134-121 го совлада Мајами, а ѕвезда на вечерта беше Џејсон Тејтум кој постигна 49 поени и имаше 11 скокови.
Џејсон Тејтум стана првиот играч во историјата на НБА кој на повеќе натпревари имал учинок од 45+ поени, 10+ скокови и 8+ тројки.
Вечерта поефикасен од него беше Девин Букер кој постигна 51 поен во победата на Феникс над Чикаго од 132-113.
Овие 51 поен тој ги постигна за помалку од 31 минута, на паркетот беше вкупно 30 минути и 40 секунди. Букер стана само вториот играч на Феникс санс кој на еден меч постигнал 50+ поени, 5+ асистенции и 5+ тројки.
Резултати:
Кливленд - Филаделфија 113:85
Орландо - Атланта 108:125
Бостон - Мајами 134:121
Бруклин - Вашингтон 113:107
Њујорк - Милвоки 103:109
Минесота - Мемфис 109:101
Њу Орлеанс - Торонто 126:108
Оклахома - Сан Антонио 119:111
Денвер - Хјустон 120:100
Феникс - Чикаго 132:113
Јута - ЛА Клиперс 125:112
Сакраменто - Индијана 137:114
ЛА Лејкерс - Портланд 128:109