Хрвати на звездашот Борјан му скандираа „Борјане, усташо“, тој им крена – три прста! (ВИДЕО)
Борјан е роден во Книн, кој беше српско упориште за време на крвавата војна во Југославија, па Србинот кој го брани голот на Канада им одговори со кревање на три прста.
Србинот неколкупати посочуваше дека не е роден во Хрватска, туку во република Српска Краина, која беше формирана за време на војната во 90-те после борбата на Хрватска за независност.
„Не сум роден во Хрватска, роден сум во Република Српска Краина, тоа беше српско место. Јас себе си се опишувам како некој кој е по потекло – Србин од Далмација. Но, се чувствувам како Канаѓанец, зашто во Канада поминав многу долго време“, рече Борјан.
Борјан имаше неколку интервенции за да ја спаси Канада од тотален дебакл во поразот во кој прими четири гола (1-4).
Borjane ustašo! ? pic.twitter.com/sdZINxQwuh
— Mali Macchiato ☕ (@IvanMarkoti2) November 27, 2022