Нант со триумф се враќа од Данска, Целје загуби од Пик Сегед
Нант водеше израмнета битка против Алборг, по што избега на три разлика (9-6), а водството го задржа и до паузата за првиот дел (20-17). Домаќинот се обиде да се врати, но сепак немаше решение за расположените гости.
Најдобар во победничкиот тим беше Валеро Ривера со осум гола, додека кај Алборг најефикасен беше Бартхолд со седум погодоци.
Пик Сегед немаше мака против словенечки Целје и го прегази со 36-27 за втора победа во групната фаза, а најефикасни во триумфот беа Тонесен, Фримел и Банхиди со по шест погодоци, додека на спротивната страна се истакна Стрмљан со пет гола.