Фулкруг со еден гол ги израдува Германците против Оман (ВИДЕО)

Германските фудбалери триумфираа со 1-0 против Оман на последниот пријателски натпревар пред почетокот на Светското првенство во Катар кое почнува на 20 ноември.

„Панцерите“ не играа со најсилниот тим против Оман, зашто селекторот Ханси Флик реши да им даде шанса на сите фудбалери, а победата им ја обезбеди Никас Фулкруг во 80. минута.

Триумф запиша и селекцијата на Полска против Чиле со 1-0, а голот го постигна Криштоф Пјонтек во 85. минута.