Ултра засилување за Србија: Кокошков ќе ангажира центар од Феникс санс!

Кошаркарската репрезентација на Србија може неочекувано да добие големо засилување бидејќи селекторот Игор Кокошков ќе се обиде да го ангажира центарот на Феникс санс, Френк Камински јуниор, кој е висок 213 см.

Американските медиуми објавија дека кошаркарот, кој има српски корени, би можел да настапи нашиот северен сосед, а тоа го потврди и селекторот Кокошков.

„Баш го споменував на една новинарка и мило ми е што ме прашавте за него. Знам дека Камински има српски корени, па претпоставувам дека се од страна на неговата мајка. Не ги знам сите детали, но би сакал го проширам списокот со него. Камински е НБА-кошаркар, па ќе видиме“, порача Кокошков.

Камински сезонава во просек настапува по 24 минути и постигнува по 10,9 поени и 5,6 скокови по меч.