Македонската кадетска репрезентација загуби од Турција со 74-82 на Европското првенство (ЕП) во Скопје, па тоа беше трет неуспех за кошаркарите кои ќе се борат за опстанок.

Турските кошаркари имаа лош старт и тоа го искористи Македонија, која водеше со седум поени (9-2), но потоа ривалот влезе во одлична серија и ја доби првата четвртина со 19-12, а на полувреме предноста се зголеми до 43-28.

Македонија не успеа да им парира на ривалите, па како минуваше времето, така предноста на Турција се зголемуваше и изнесуваше +17 (63-46) по третата четвртина, а на крајот турските репрезентативци триумфираа со 82-74.

Најефикасен на теренот беше Денис Гокпинај со 22 поени, додека за Македонија најдобар беше Марко Лукановски со 13 поени и 20 скокови.

Македонските кошаркари ќе разигруваат за позициите од 9 до 16 место, а утре ќе се соочиме против поразениот од мечот меѓу Литванија и Данска.