Србија ќе настапи во сини дресови на СП - како во времето на Југославија!

Кошаркарската репрезентација на Србија последните големи успеси ги оствари во белите и црвените дресови, кои очигледно ќе заминат во историјата, зашто на Светското првенство во Кина наместо нив, ќе играат во - сини дресови.

Првпат од квалификациите за Европското првенство во Словенија во 2013 година, поточно по седум години Србите ќе ги гледаме во дресови, на кои се сеќаваат постарите генерации, односно тие од поранешна Југославија.

Техничкиот спонзор на репрезентацијата, кинески „Пик“ направи нова колекција од посебно дизајнирани дресови за СП со квалитет како на НБА-дресовите.