Раѓа демантира: За Хрватска нема да играат странци!

Еден од најдобрите кошаркари во Евролигата, Шејн Ларкин кажа дека сака да игра за Хрватска, но веднаш пристигна одговор и легендарниот центар Дино Раѓа.

Раѓа кажа дека во хрватската селекција нема да играат странци, туку репрезентацијата ќе се гради од домашни кошаркари.

„Зарем ви личам на некој кој од ден во ден го менува мислењето? Веќе ви кажав дека нема да носиме странци во репрезентацијата, зашто тоа не е во интерес на хрватската кошарка“, вели Раѓа.

Ларкин против Барселона постигна 37 поени, а во финалето против Фенербахче дури 38, но тоа не ги менува работите

„Клубовите мора да почнат да работат и да создаваат кошаркари, не може од репрезентацијата да се очекува да ја крене кошарката. Разбирам дека клубот сака да земе еден или двајца странци, но мора да се фокусираат на домашните кошаркари. Ангажман на странци во репрезентацијата не ни носи ништо, а кога би се решиле на такво нешто, тогаш постојат земји кои имаат повеќ пари и сигурно можат да земат подобри странци од нас“, порача легендата.