(Пре)полни џебови: Димитријевиќ се враќа во Русија – ќе заработи 3 милиони евра (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец (кога сака да игра), Ненад Димитријевиќ, е на чекор до враќање во руската кошаркарска лига, откако италијанскиот новинар Андреа Калчони објави дека е пред потпис на двегодишен договор со Зенит од Санкт Петербург вреден - три милиони евра

Тој пред доаѓањето во Италија, настапуваше за рускиот УНИКС, со кој во 2023 година ја освои ВТБ лигата. Според истиот извор, неговиот сегашен тим, Олимпија Милано, ќе му исплати отштета од 500.000 евра, како компензација за раскин на двегодишниот договор што го потпиша лани, по што ќе стане слободен играч.

Димитријевиќ беше прогласен за најкорисен играч (МВП) на италијанскиот Суперкуп кој Армани го освои годинава, а во изминатата сезона во Евролигата бележеше по 7,6 поени, 1,6 скокови и 2,9 асистенции по натпревар. Но, по новогодишните празници падна во немилост на тренерот Еторе Месина, поради што пропушти поголем дел од втората половина од минатата сезона.

Популарниот Нено, според информациите од КФМ, летово не прифати да игра за Македонија во претквалификациите за СП 2027.