Поминаа 13 години од најголемиот успех во историјата на македонската кошарка (ВИДЕО)
Македонија тогаш имаше напад во завршницата во кој ја изгуби топката, но и брзо ја врати во свој посед, за на крајот да дојде до Владо Илиевски кој погоди тројка која значеше големо славје за Македонија.
Сигурно секој Македонец се сеќава на зборовите Илиевски по натпреварот: „Леле, леле што направивме...
Ова се моменти кои засекогаш ќе останат запишани во аналите на македонскиот спорт. За жал македонската кошаркарска репрезентација денес е далеку од своите најдобри денови.