Некогашниот македонски селектор не се предава и со 60 години си најде - нов клуб!

Поранешниот предводник на македонската кошаркарска репрезентација и во два наврати тренер на МЗТ Скопје, Алеш Пипан (61 година), од денеска е нов стратег на словенечкиот прволигаш Шентјур.

Ветеранот и покрај фактот што е навлезен во седмата деценија од животот, сѐ уште не се предава туку реши да седне на клупата на тимот зад кого е една шампионска титула и пехар во Суперкупот на Словенија (двете во 2015 година). Минатата сезона работеше во Унгарија, бил тренер и на Задар и Анвил Влоцлавек.

Пипан седна на селекторската фотелја на Македонија во 2013 години и на ЕП во Словенија го предводеше речиси истиот тим кој две години претходно дојде до четвртото место во Литванија, но наместо да продолжи со успеси, доживеа дебакл. Жолто-црвените не ја минаа прелиминарната фаза од Јесеница, на големо разочарување на спортската јавност кај нас.