МВП играчот на Мундобаскетот ја даде најтажната изјава (ВИДЕО)

Најдобриот кошаркар на Мундобаскетот во Кина, Рики Рубио, даде емотивна изјава на прес - конференцијата по финалниот меч.

Рубио одигра одлично финале против Аргентина, кое Шпанија го доби со 95-75 и постигна 20 поени. По натпреварот, Рубио беше прогласен за МВП на турнирот, а после тоа даде многу тажна изјава.

Ја загубив мајка ми пред три години. Таа беше зад мене, ме туркаше секој ден. Знам дека нема никој на овој свет кој ме сака повеќе од неа. Таа сè уште ме носи нанапред, секој ден. Дури и кога не е тука, чувствувам дека е“, изјави Рубио, чие сеќавање на неговата покојна мајка очигледно му даде сила да одигра добар турнир во Кина.

Инаку, Рубио, исто така е во најдобрата петорка на турниротв во Кина, заедно со Богдановиќ, Фурние, Марк Гасол и Скола.

 

 

Шпанецот во просек имаше 15.9 поени, нешто повеќе од шест асистенции и четири скока по натпревар.