Јончевски кариерата ќе ја продолжи во најтрофејниот тим во Полска!
Во клубот Јончевски пристигнува на местото на Србинот Миодраг Рајковиќ.
„Миодраг Рајковиќ повеќе не е тренер на кошаркарите на Шласк Вроцлав. Договорот е раскинат со взаемна согланост“, стои во соопштението во кое клубот му се заблагодарува на српскиот стратег за освоениот бронзен медал и полскиот Суперкуп.
Јончевски во кариерата покрај селекторската позиција во Македонија ги предводеше: МЗТ Скопје, Спартак Суботица, Кожуф и Башкими Призрен.
Во минатото Јончевски беше и помошник Емил Рајковиќ кој исто така работеше во оваа земја, а сега во Полска во тимот на Арка работи и Никола Василев кој ја има и улогата на помошник на Јончевски во репрезентацијата.