Кошаркарите во квалификациска група со домаќин, некогашен првак и со - голем должник!

Кошаркарската репрезентација на Македонија доби незгодна група во квалификациите за ЕП 2021 во кои ќе се натпреварува во групата Б заедно со еден од домаќините кои директно обезбедуваат пласман, повеќекратниот европски шампион Русија како и против нашата најголема шанса за место на континенталниот собир – Естонија.

Вака реши денешната ждрепка во Минхен, која не ни беше премногу наклонета бидејќи се најдовме во ситуација да играме за само две места со оглед што Италија како домаќин на едната група веќе имаат место на ЕП. Русите се европски шампиони од 2007 година додека Естонците ни се голем должник од претквалификациите за СП 2019 кога нѐ победија убедливо среде Скопје и нѐ испратија на самото дно од европската кошарка.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2021 (МАЖИ)

ГРУПА А: Шпанија, Полска, Израел, Слв/Кип/

ГРУПА Б: Италија, Русија, МАКЕДОНИЈА, Естонија

ГРУПА Ц: Литванија, Чешка, Белгија, Алб/Блр/Дан

ГРУПА Д: Хрватска, Турција, Холандија, Шведска

ГРУПА Е: Србија, Финска, Грузија, Шва/Пор/Исл

ГРУПА Ф: Словенија, Украина, Унгарија, Австрија.

ГРУПА Г: Франција, Германија, Црна Гора, Кос/В.Б/Лук

ГРУПА Х: Грција, Летонија, БиХ, Бугарија.