
Маестрално: Дончиќ погоди „без коски“ од десет метри - седнат на клупа (ВИДЕО)
Тој денеска е во центарот на вниманието поради видеото кое го објави Кошаркарскиот сојуз на Словенија од еден од последните тренинзи на „дежела“, на кое се гледа како бекот на Далас постигнува невозможен кош. Дончиќ погоди „без коски“ шут од десетина метри и тоа седнат на клупата за резерви.
Неговата игра, како и враќањето на Горан Драгиќ во селекцијата, се причините поради кои Словенците се можеби најголемиот фаворит за златниот медал на претстојното Европско првенство (ЕП), кое ќе почне на 1 септември во Германија, Чешка, Италија и Грузија.