Македонската кадетска репрезентација славеше на почетокот на Европското првенство (ЕП) Б-дивизија со 96-68 против Украина.

Македонските кошаркари го најавија триумфот уште во првото полувреме во кое беа доминантни на паркетот и на паузата имаа водство од 49-28.

Предноста на македонската селекција продолжи да расте и во третата четвртина и достигна 33 поени (71-38), по што во мирна завршница успеа да триумфира со 96-68.

Најдобар во составот на Македонија беше Ѓорѓи Цветковски со 22 поени, три скокови и две асистенции, додека Петро Билоус постигна 20 поени, седум скокови и две асистенции за Украина.

Македонија го игра следниот меч против Шведска на 10 август од 18.30 часот.