Јакимовски повторно одличен во новата победа на Вашингтон стејт (ВИДЕО)

Младот македонски кошаркар Андреј Јакимовски имаше нова добра претстава во дресот на Вашингтон стејт, кој реди само победи во НЦАА-дивизијата. 

Кугарс славеа победа од 82-54 против Монтана и ја запишаа шестата победа на шестиот натпревар сезонава. Нашиот кошаркар за 34 минути игра запиша 10 поени, 7 скока и 2 асистенции.