ФИБА ќе (нѐ) потсети на историското полуфинале против Шпанија на ЕП 2011 (ВИДЕО)

Светската куќа на кошарката (ФИБА) денекса ќе ја изненади целокупната македонска јавност, откако на својот „Ју-тјуб“ канал ќе го емитува веројатно и најважниот натпревар на нашата селекција што го одиграла во своето постоење. 

Станува збор за полуфиналниот дуел Македонија-Шпанија, од Европското првенство, кое во 2011 година се одржа во Литванија. Во „Кауно Арената“ во Каунас, нашата селекција одигра рамноправен натпревар против фаворитот на шампионатот, селекцијата на Шпанија, сепак на крајот загуби со 92-80, па „црвено-жолтите“ се бореа за бронзата против Русија.

Инаку, на овој меч, маестрална партија имаше Хуан Карлос Наваро, кој со своите 35 поени, од нив 19 во третиот период, ги сруши надежите на нашите кошаркари.

Снимка од овој историски меч ќе биде емитувана на ФИБА „Ју-тјуб“ каналот  со почеток од 14 часот на следниот линк: