Евробаскетот ќе добие нов термин поради поместувањето на Олимписките игри?!

Евробаскетот кој е планиран за следната година може да биде пролонгиран, а тоа ќе биде познато по видео-конференција на ФИБА која е закажана за наредните денови.

Откако Олимписките игри се презакажаа за следното лето, истото може да се случи и со Европското првенство кое треба да се одигра од 2 до 19 септември 2021 година.

Евробаскетот ќе го организира Чешка, Грузија, Италија и Германија, а поради пренатрупаниот распоред, постои голема можност да се бара нов датум за завршниот турнир на најдобрите континентални кошаркарски селекции.

Нашата селекција ги отвори квалификациите два пораза од Естонија и Русија, а следен противник за избраниците на Александар Тодоров ќе биде селекцијата на Италија. Инаку, одложувањето на Олимписките игри ги одложи сите квалификациски турнири. ФИБА, исто така, ќе донесе конечна најдоцна до четврток за новите термини во квалификациите.