Емоциите експлодираа: Ветеранот Скола се стрча да го гушне пензионерот Џинобили (ВИДЕО)

Најдобриот аргентински кошаркар на сите времиња Ману Џинобили дојде во Пекинг за да ја бодри својата репрезентација на патот кој светското злато и се израдува на ново финале на „гаучосите“, кои ветеранот Луис Скола со маестрална партија ги одведе до пресметка со Шпанија на Мундибаскетот во Кина.

Аргентина со Скола ѝ одржаа лекција на Франција, а емотивната прегратка на ветеранот Скола со пензионерот Џинобили го обиколи светот.