Ѕвезда на Нигерија се пожали: Немаме пари за тренинг, патување и храна...

Неверојатна ситуација се случува во репрезентацијата на Нигерија пред Светското првенство во Кина. Владата на државата очигледно не се грижи доволно за кошаркарите, па Министерството за спорт не им даде ништо на играчите.

Главната ѕвезда на тимот, Екпе Удох се огласи преку Твитер.

„Две недели пред почеток на Мундобаскетот, Министерството за спорт на Нигерија одби да уплати пари кои ни се наменети за тренинг, патување и храна. Имаме навистина посебна екипа, можеби и најдобра досега. Се надевам дека проблемот ќе се реши наскоро“, напиша Удох.

Нигерија на Мундобаскетот е во група со Аргентина, Кореја и Русија.