Две македонски легенди во „Дримтимот“ на ФИБА од - малите земји (ФОТО)

Двајца македонски репрезентативци од популарната генерација која го освои четвртото место на Европското првенство (ЕП) во Литванија беа избрани во најдобрата петорка од континенталните собири меѓу 2000 и 2020 година од страна на навивачите.

Светската кошаркарска федерација (ФИБА) ги номинираше Перо Антиќ, Владо Илиевски и Лестер Бо Мекејлеб меѓу 16 кошаркари за кои фановите гласаа и на крајот во „дрим-тимот“ беа избрани Антиќ и Бо Мекејлеб.

Изненадувачки беше тоа што место во најдобрата петорка немаше за Илиевски, кој беше творец на чудото на ЕП, откако против Литванија ѝ донесе важен триумф на Македонија во последните секунди од средбата.

Освен нашите двајца поранешни репрезентативци, во најдобрата петорка беа избрани уште и Јон Стефансон, Адам Ханга и Мирза Телетовиќ.