Добри вести од Азија: Јапонија го победи коронавирусот, кошаркарската лига продолжува!

Кошаркаското првенство во Јапонија продолжи по четиринеделната пауза поради коронавирусот кој пркосеше во оваа азиска земја.

Во рамки на тамошната кошаркарска лига се одиграа првите натпревари по суспензијата. Четири меча се одиграни денеска без присуство на публика, додека натпртеварот меѓу Кавасаки и Леванг е откажан откако тројца кошаркари имале висока температура.

Слично сценарио можеме да очекуваме и на Стариот континент, освен ако федерациите не одлучат предвреме да им ја доделат титулата на моментно првопласиран ите тимови, каков што беше случајот во литванското првенство.